Еве една листа на топ 10 содржини кои ги прочитав во 2019 (од различни области, без посебен редослед) од кои човек може нешто плус да научи или да се инспирира:

  1. The days are long but the decades are short. Сем Алтман, tech претприемач од САД, има одличен есеј со листа на животни совети.
  2. Фејсбук пост на Мајк Роув. Роув е жива легенда кој стана познат со своето шоу Dirty Jobs во кое промовира технички „раднички“ работни места кои се страшно потценети во денешно време. Секако, ова е само мал дел од се што прави човекот. Во пост фан го прашува што мисли за злите коментари на Бил Маер против Кох браќата, кои се пријатели на Роув. Одговорот е лекција по култура.
  3. 13 животни лекции од 13 годишното постоење на Brain Pickings. Мариа Попова, сопственикот на Brain Pickings, феноменален блог каде што авторката пренесува содржини од различни великани од науката, литературата и други области, споделува што научила во сиот овој период. Преубави пораки кои вреди да се прочитаат.
  4. How to Get Rich. Нешто по-материјалистичко, барем на прв поглед, од Навал Равикант, еден вид на филозоф-инвеститор помеѓу претприемачите во Силиконската долина.
  5. Chernobyl, a tale of science and the soul. Најдобрата анализа на серијата (и хаосот) со Чернобил. Опфатенено е се што треба – коментар за тоталитарзмот, потемкините села (лажната „реалност“) во социјализмот во СССР, науката, пријателството и храброста.
  6. A definitive history of streaming media. Предобро видео за развојот на стримингот и пропратни пораки за политичка економија (сумирани тука).
  7. In Soviet Union, optimization problem solves you. Дебатата за рационална пресметка во не-пазарни модели е една од најважните дебати во политичката историја. Текстот е одличен бидејќи се фокусира на делот за big data и рационална, брза пресметка.
  8. You didn’t build that. Колумна за Детроит – неговиот индустриски бум, неговиот пад и што се е потребно да се погоди за да се склопи слагалицата за успешна економија. Интересна идеја: она што е потребно за успех, од страна на Државата, не е лидери од типот на Томас Џеферсон или Ганди со Game changer идеи туку влада која ќе „си ги заврши основните функции прилично добро – влада која ќе ги поправи дупките на улиците, која ќе си ги среди финансиите, ќе се справи со корупцијата. Без ова, сиот продуктивен капитал – физички, финансиски, човечки – пополека се девалвира.
  9. How the Entertainment Industry Solved Piracy. Ова го зборував долго време – пиратеријата не е зло, и бизнисот и политиката треба да ја гледа како еден вид на скриена конкуренција и да ја „сузбие“ со иновативност и подобри услуги, а не со тужби и казни.
  10. Who cares, I have nothing to hide”, why the popular response to online privacy is flawed“. Целиот текст е одличен, но главниот takeaway е дека „приватноста не е дека имаш што да сокриеш, туку се однесува на преносот на информации кој е општествено прифатлив а кој не е. Овој аргумент ја замаскирува таргетираната личност. Немам ништо да сокријам – од кого? Постојат работи кои би ги споделиле со најблиските но не и со туѓинци на улица.“. Приватноста е лично право што, како, кога и со кој ќе споделиш од твојот личен живот.
Претходна статија5 интересни содржини за читање за празниците
Следна статијаCES 2020: Samsung открива нова категорија на иновативни aпарати за домаќинствата
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.