gsmarena_001

Името на телефонот на индискиот бренд, кој се наоѓа под капа на Micromax, неодоливо потсетува на една земја која нашите родители тврдат дека била утописка, но верувајте, во овој уред нема ништо друго што ќе можете да го поврзете со неа. Се работи за прилично моќен смартфон, но со достапна цена и Cyanogen OS 12.1, што е особено добро решение за Android скин.

Yu тврди дека ова е всушност најмоќниот паметен телефон, но ние упатените знаеме дека чипот кој е вграден во внатрешноста, Snapdragon 810, не е најмоќен во моментов, а згора на тоа има и проблеми со намалување на перформансите кога ќе се загрее. Сепак, тука е помогнат од 4 GB рам и Cyanogen OS 12.1, длабок скин за Android Lollipop кој важи за исклучително лесен и оптимизиран, што би требало да придонесе за флуидна и брза работа.

Телефонот има и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Дисплејот мери 5,2 инчи во дијагонала и има резолуција од 2560х1440 пиксели, а Yu ги нагласува и останатите карактеристики, како спектарот на бои – 91% од NTSC и контрастот од 1000:1. Дисплејот е исто така залепен со стаклото (Corning Gorilla Glass), што оддава чувство како да лебди на дисплејот – всушност како и сите други паметни телефони од високите класи.

micromax-yu-yutopia

Особено висок е квалитетот на камерите – задната го има новиот Sony IMX230 сензор со 21 мегапиксели, кој треба да донесе квалитетни фотографии, а има и “phase detect” автофокусен систем на него, ист како кај DSLR апаратите, кој ќе се погрижи за инстантно фокусирање. Предната камера има 8 мегапиксели, а фотографирањето со неа може да се врши со читачот за отпечатоци на прсти, кој е поставен на дофат на показалецот во задниот дел. Yu Yutopia има и DTS подобрување на звукот, а доаѓа со специјални Little Birds слушалки од House of Marley.

Батеријата има капацитет од 3000 mAh, а поддржува и Qualcomm Quickcharge 2.0 брзо полнење. Во долгото траење на батеријата помага и оптимизираниот Cyanogen OS 12.1, кој патем треба наскоро да биде надграден и на Android Marshmallow (оваа верзија се базира на Lollipop).

Надворешната изработка на телефонот е солидна – рамката е метална, додека задниот поклопец е изработен од поликарбонатна пластика. Дизајнот, иако делува како спој на неколку модели на телефони, генерално изгледа модерно, а особено добар впечаток остава темно сивата „пепел“ боја на уредот на фотографиите.

Цената на Yu Yutopia во Индија изнесува 375 долари, што е прилично поволно со оглед на понудените перформанси, но е веќе нешто што го гледаме од многу други кинески и индиски производители. Како скоро сите паметни телефони од истокот и овој ќе има можност за две 4G micro или nano SIM картички.

Извор: Engadget, GSMArena, Ubergizmo

Претходна статијаАвтономните возила прават сообраќајќи бидејќи се совршени возачи
Следна статијаFacebook видеата ќе бидат прикажувани во HTML5