form-phones-copy

Ете што се случува кога се иновира. После неколку генерации на Galaxy S телефони, Samsung целосно го редефинираше и редизајнираше S6 и се чини повторно направи победник. Новиот Galaxy S6 и верзијата со заоблен екран на крајот, Galaxy S6 Edge, имаат побарувачка како ниту еден од претходниците. Во првите две недели, направени се веќе 20 милиони нарачки, што е извонредна бројка.

Од Samsung велат дека побарувачката е импресивна и дека во првите 26 денови од производството, ќе можат да испорачаат „само“ 10 милиони примероци, што е многу повеќе во однос на претходните модели, но само половина од тоа колку модели се нарачани, што значи дека ако сакате нов Galaxy S6 или Galaxy S6 Edge, веројатно ќе треба малку да почекате.

Главниот проблем е кај моделот Edge, чиј иновативен екран бара многу повеќе време за изработка и Samsung не може да постигне да направи доволно модели за да ја задоволи побарувачката. И покрај ова, Корејците планираат зголемување на производството во наредниве неколку месеци, како би се намалил недостатокот на паметни телефони на подолг рок.

Високата побарувачка на новиот модел на Samsung е доказ дека купувачите кои ќе одделат над 600 долари за нов паметен телефон, сепак сакаат и врвна изработка и секако забележителен, луксузен изглед. S6, а особено S6 Edge, донесуваат досега невидена свежина во Galaxy S гамата, со употребата на алуминиум и стакло во изработката, за разлика од претходните модели, кои беа изработувани исклучиво од пластика.

Покрај тоа, новиот S6 доаѓа и со Exynos процесор на Samsung, кој буквално го избриша подот со Snapdragon 810 на бенчмарковите, што ги привлече и корисниците кои сакаат да го имаат најбрзиот телефон. Згора на тоа, TouchWiz, скинот за Android на Samsung, сега е многу полесен и побрз, со помодерен дизајн на елементите во оперативниот систем, а на тестовите, AMOLED екранот се покажа како најдобар кај мобилните телефони.

Високата побарувачка на новите телефони ќе му дојде особено добро на Samsung, бидејќи во првите три месеци од годинава, јавија намалување на оперативниот профит во однос на истиот период лани.

Извор: CNET

Претходна статијаСкенирани 100 илјади галаксии – Не се пронајдени индикатори за вонземски интелигентен живот
Следна статијаЗемјата проголтала тело налик Меркур рано во својата историја