gsmarena_001

После многу протечени информации, Sony Xperia Z4 и официјално е лансиран на пазарот. Донесува еволуција во дизајнот, што веројатно беше доволно за да се задржи премиум чувството, но во потенко куќиште. Z4, како и сите свои претходници, ќе биде единствениот модел во сегментот кој е отпорен на вода и прашина, со IP68 сертификат.

Бидејќи е скоро целосно изработен од стакло, со метална рамка по страните, Xperia Z4 ќе има дупло ниво на заштита од гребење. Од Sony ветуваат дека поради тоа, телефонот подолго ќе го задржи својот сјај. Исто така, на четирите агли од телефонот, нанесена е специјална смола, која ќе штити од удари и ќе го намали оштетувањето на алуминиумот при евентуален пад на телефонот.

Како и повеќето од конкурентите и Xperia Z4 ќе биде лансиран со Qualcomm Snapdragon 810 чипсетот со осум јадра, помогнат од 3 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со micro SD картичка до 128 GB. Екранот ќе има големина од 5,2 инчи и резолуција од 1920х1080 пиксели, што е помалку од таа во Galaxy S6 и LG G3, но, како што веќе пишувавме претходно, разликата е веројатно незабележлива за човечкото око.

gsmarena_002

Онаму каде Sony се очекува да биде најдобар е камерата. Вграден е целосно нов Exmor RS сензор со 20,7 мегапиксели и големина од 1/2,3 инчи, кој го карактеризира малку шум и висока острина дури и кога нема доволно светлина. Целосно новиот Bionz процесор за обработка на фотографиите ќе биде посветен само на обработка на фотографиите и треба да извади максимум од сензорот. Благодарение на него, за прв пат кај паметните телефони, Z4 ќе може да слика со осетливост до ISO 12800 за апсолутна темница, а ќе има и HDR мод на сликање. Предната камера ќе има широко аголен објектив и Exmor R сензор со 5 мегапиксели и ќе биде оптимизирана за сликање селфи фотографии.

И покрај намалените надворешни димензии, особено дебелината, која сега изнесува само 6,9 mm, Sony успеа да вгради прилично голема батерија од 2930 mAh, која треба да овозможи два дена користење на телефонот. Нормално, Xperia Z4 ќе доаѓа со Android Lollipop, со лесен скин поставен од Sony.

Sony Xperia Z4 беше претставен на јапонскиот пазар, каде и првично ќе почне да се продава. Засега нема информации за цената за европските пазари, или пак за тоа кога ќе биде достапен.

Извор: GSMArena

Претходна статијаGoogle Chrome со поддршка за Windows XP до крајот на 2015
Следна статијаДојче Телеком ги бара најдобрите „IoT“ решенија за бизнис