chrome-browser-about

Microsoft официјално престана да нуди поддршка за Windows XP на 8 Април 2014, но Google Chrome сè уште не се откажува. Кога ќе се земе предвид дека скоро 17% од корисниците сè уште користат Windows XP, без разлика дали е во застарени лаборатории во училиштата или во домашни услови, оперативниот систем е сè уште таму.

Меѓутоа, има една лоша страна која многумина не ја знаат, а некои ја игнорираат. Оперативниот систем стана лесен за злоупотреба од хакери со тоа што нема веќе надградби и поддршка за Windows XP. Така во опасност се ставени голем број корисници.

Google сака да им овозможи на тие корисници подобрена сигурност на нивното онлајн искуство со тоа што прелистувачот кој ќе го користат (Google Chrome во случајов)  ќе биде надграден како и сите други со цел да се зголеми сигурноста и функционалноста на истиот.

Секако Google ја продолжува поддршката за Google Chrome, но сепак, апелираат кон корисниците да преминат на понов оперативен систем. Иако Google Chrome ги добива сите сигурносни надградби сите тие сигурносни надградби не можат да бидат доволно ефикасни кога целиот систем е практично без одбрана.

Инаку, според последните статистики, Windows XP сè уште се наоѓа на второто место по број на корисници. Тој доаѓа веднаш позади Windows 7, кој е водич во моментов. Сепак, Windows XP има повеќе корисници од Windows 8 и 8.1.

Извори: Cnet, Windows Central

Претходна статијаAndroid уредите добија апликација од Google што разбира ракопис
Следна статијаОфицијално – Новиот Sony Xperia Z4 со 5,2 инчен екран!