Кинескиот производител се приклучува на останатите кои најавија уреди кои ќе можат да се виткаат. Иако само концепти, нивните идеи ни даваат прилично добра презентација за тоа како би можела да се користи оваа технологија во иднина и според тоа што може да се види, веќе станувам нестрплив да ги видам ваквите уреди на пазарот.

Lenovo Folio е уредот кој се чини е многу поблизу до пазарот. Се работи за 10 инчен таблет, кој може да се превитка на половина и да се користи како паметен телефон, односно да разговарате на него, да го користите со една рака или пак да може да го ставите во џеб. Интересно, уредот се преклопува на тој начин што ќе имате достапни два дисплеи, за разлика од некои други решенија.

Cplus-watch-ed

Вториот уред е паметен телефон кој може буквално да го превиткате околу раката и да го користите како своевиден паметен часовник. CPlus нема целосно слободно да се витка, односно има предефинирани степени, но според тоа што може да се види на видеата, прилично добро легнува на раката. Откако ќе се исправи, пак, може да се користи како стандарден паметен телефон со малку издолжен 4,26 инчен дисплеј. CPlus ќе биде достапен во две димензии.

И двата уреди кои ги претстави Lenovo се само концепти, што значи дека не може да очекуваме да ги видиме многу брзо на пазарот, но според тоа што веќе функционираат, моја претпоставка е дека тоа би можело да се случи во наредните две години.

Извор: Engadget, CNET, The Verge

Претходна статијаMoto Z и Z Force се нови модуларни паметни телефони од високата класа
Следна статијаAndroid Nearby – нова функција на системот за препорака на апликации според локацијата