gsmarena_002

Lenovo, кој е сега сопственик на Motorola, ги претстави двата нови Moto уреди од високата класа, кои веќе не ја носат наставката “X”, туку отсега ќе бидат “Z”. Најголема промена, покрај името е тоа што и двата модели ќе бидат модуларни, односно на задниот дел ќе може магнетски да им се прикачат дополнителни делови, кои би требало да го подобрат целото искуство.

Двата модели инаку имаат големина на дисплеите од 5,5 инчи и се многу слични, односно разликите се во дебелината на уредот (Z Force има 6,99 mm, наспроти 5,2 mm), големината на батеријата (3.500 наспроти 2.600 mAh), задната камера (21 наспроти 13 мегапиксели) и дисплејот, кој кај моделот Z Force нема да може да се скрши при паѓање. Според тоа, обичниот модел ќе биде наменет за оние кои го сакаат најтенкиот паметен телефон во светот, а за сите останати, Z Force веројатно ќе биде подобриот избор.

gsmarena_003

И двата модели инаку доаѓаат опремени со Snapdragon 820 чип, помогнат од 4 GB рам и 32, односно 64 GB простор зависно од моделот, со можност за проширување преку micro SD картичка. Задните камери и кај двата модели ќе имаат леќа со f1.8 бленда и оптичка стабилизација, но само Z Force ќе има брз автофокусен систем “phase detect”. Предната камера и кај двата телефони ќе има 5 мегапиксели, интересно со вграден блиц.

2016_MG_4534-edJT

Дисплејот кај Moto Z и Z Force има големина од 5,5 инчи, што го прави конкурентен на iPhone 6S Plus, со резолуција од Quad HD, односно 2560х1440 пиксели. Телефоните во долниот преден дел имаат читач за отпечатоци на прстите, но за жал ниту двата модели немаат излез за аудио од 3,5 mm – Moto ќе вклучува USB Type-C адаптер во самото пакување.

Сето ова што го кажавме досега сепак не делува воопшто револуционерно. Тоа е така бидејќи магијата се случува кога на овие телефони ќе ставите еден од додатоците Moto Mods, кои ги прават делумно модуларни. Имено, во задниот дел и на двата модели има моќни магнети, на кои може да се прикачат многу додатни компоненти. Од Moto ветуваат дека моделите од наредната година ќе имаат исти димензии, што значи дека додатните компоненти кои ќе ги купите, ќе може да ги користите и со модел од наредната година.

_MG_4373

Самите компоненти се далеку помоќни од оние кои LG ги нуди за својот G5. Прво, Moto нуди стандардни футроли Style Shell, кои доаѓаат во неколку различни дизајни и кои се веќе достапни во пакувањето. Потоа, достапна ќе биде и футрола со дополнителна батерија од 2.200 mAh, како и JBL SoundBoost додаток со два звучници од 3 вати, кој би требало да извади прилично моќен звук и кој вклучува дополнителна батерија од 1.000 mAh. За многумина интересен може да биде и пико проекторот кој исто така се прикачува на задниот дел и кој може да прикаже слика со големина од максимум 70 инчи со 480p резолуција.

_MG_4399

И за разлика од LG G5, бидејќи додатните компоненти кај Moto Z ќе се ставаат однадвор, нема да има потреба од рестартирање на телефонот. Исто така, бидејќи телефонот може да комуницира со сите компоненти, на него ќе може да ја следите и состојбата на батеријата во нив, заедно со таа во телефонот.

За љубителите на дополнителна персонализација, и натаму ќе постои MotoMaker, преку кој пред да го купите телефонот ќе може да изберете од неколку различни бои на предниот дел на телефонот, како и на страничната рамка.

20160608-Motorola_Moto_Z_21.0

Цените за новите Moto Z и Z Force не се објавени, а истите ќе бидат достапни на светските пазари од септември. Телефоните ќе доаѓаат со прилично чиста Android Marshmallow верзија, што значи дека може брзо да се очекува надградба на поновите верзии, како и мазно и брзо работење низ оперативниот систем.

Извор: The Verge, GSMArena, Engadget

Фото: The Verge, Engadget

Претходна статијаSpace X ќе се обиде повторно да искористи една од ракетите кои успешно направија вертикално слетување
Следна статијаLenovo прикажа таблет и смартфон кои можат да се свиткаат