huawei-mate-9-lite-gold-1

Huawei во моментов покажува исклучителна агресивност на пазарот – скоро редовно пишуваме за некој нов модел од нив. Mate 9 Lite е најновиот и се работи за поевтина и помалку способна верзија на знаменосецот Mate 9 и е трет модел во популарната линија на големи телефони на Huawei.

За многумина од вас, тоа „помалку способен“ не треба да ве загрижува. Гледан настрана од неговите помоќни браќа, Mate 9 Lite е прилично способен паметен телефон. Телефонот има дисплеј со големина од 5,5 инчи и Full HD резолуција и алуминиумска изработка, што прави да изгледа прилично луксузно.

gsmarena_002

Во внатрешноста е вграден Kirin 655 чипот, кој има осум јадра од кои помоќните работат на 2,1 GHz а штедливите на 1,7 GHz и е помогнат од 3 GB рам и 32 GB или 4 GB рам и 64 GB простор зависно од моделот. Батеријата има солидни 3.340 mAh, а во задниот дел, веќе стандардно за Huawei, вграден е читач за отпечатоци.

Назад, како и кај поскапите модели има двојна камера, но тука Leica нема помогнат со својата експертиза, а сензорите бројат 12 односно 2 мегапиксели, што значи дека не може да се очекуваат резултати на нивото на Mate 9. Предната камера пак има прилично солидни 8 мегапиксели.

huawei-mate-9-lite-camera

Mate 9 Lite доаѓа со вграден Android Marshmallow со дополнителен EMUI 4.1 скин, кој изгледа одлично, но во поглед на функционалноста заостанува зад скиновите на другите Android производители. Цената на телефонот за европскиот пазар сѐ уште не е позната.

Сепак, бидејќи Mate 9 Lite е само ребрендиран Honor 6X, модел кој се продава во Кина, ги знаеме неговите цени за тој пазар и тие таму се движат од 140 до 220 евра зависно од моделот.

gsmarena_003

Извор: Android Authority, GSM Arena, Digital Trends

Претходна статијаПовеќе од 350 посетители на најголемиот и најзначајниот ИТ настан годинава во земјава – Microsoft Визија: Reloaded
Следна статијаВиртуелна копија од Аушвиц ќе помага во осудувањето на злосторниците од Втората Светска Војна