_92507761_000953589-1

За многумина Втората Светска Војна е далечно минато, но не и за германските власти, кои продолжуваат со гонењето на злосторниците од најозогласениот логор од Втората Светска Војна, Аушвиц. Во тоа ќе им помогне и виртуелна копија од логорот, која според нејзините креатори верно го претставува како што бил пред повеќе од половина век.

Аушвиц е инаку местото каде се убиени повеќе од 1,1 милион луѓе, од кои поголемиот дел Евреи, но и Роми, хомосексуалци и лица со посебни потреби. Убивањето се вршело во таканаречените гасни комори (кои изгледале како купатила), каде бил пуштан отровен гас „цијанид“. Потоа, телата или биле кремирани или закопани. Одговорните за ова злосторничко лудило се гонети веќе 71 година, а последен од нив е 94 годишниот Реинхолд Хенинг, кој доби 5 години затвор за учеството во логорот како чувар.

За таа цел, како и за помагање на осудувањето на останатите обвинети, Баварската канцеларија за Криминал изработила виртуелна реалност од логорот. За таа цел, тие направиле 5-дневна обиколка на логорот, но работеле на него дополнително уште 6 месеци. Причината за тоа е што поголемиот дел од гасните комори и крематориумите биле уништени по поразот на Германија во војната и што морале да се рекреираат преку плановите за градбите.

161006-auschwitz-virtual-reality-story-cr0323_03_28a8a432554e933157a216c9f0b5d229-nbcnews-ux-2880-1000-640x0

Виртуелната реалност се користи за судот да може полесно да одреди кој од осудените каде работел во логорот и колку бил навистина „виновен“ за масовните убивања. На пример, Хенинг работел само како чувар и не учествувал директно во убивањето, па затоа и добил „само“ 5 години казна затвор.

Како и да е, сето ова се чини како закаснето – злосторниците требало многу порано да ја добијат својата казна… Некои велат дека подобро подоцна отколку никогаш, но во овој случај останува горчината во устата и покрај тоа што „правдата ги стигна“ осудениците.

Извор: BBC, Digital Trends, Engadget

Претходна статијаMate 9 Lite е помала и поевтина верзија на најдобриот смартфон на Huawei
Следна статијаЛидери и лидерство – дали имаме избор?