apple_home_button_3d_touch_patent_uspto

Новите iPhone-и се првите смартфони во светот со технологија која може да препознае различни притисоци на допирање на дисплејот со прстите, а сега истото тоа би можело да се пренесе кон Home копчето, што може да донесе неколку нови можности.

Оваа информација е произлезена од патент на Apple и неа можеме да ја земеме како најава дека оваа технологија ќе биде вградена уште во iPhone 7. Зошто? Бидејќи Apple конечно ќе може да го тргне застареното хардверско копче, кое неретко знаеше и да се расипе и кое освен вградувањето на читачот за отпечатоци на прсти, не донесе особено големи новитети и подобрувања низ годините.

Новото копче треба да биде многу подоверливо – бидејќи нема делови кои се движат, ќе се расипува многу помалку. Во превод, новиот iPhone 7 нема да се грижите ако му го дадете на мало дете – нема да има копче кое ќе може да го извади. Ова не значи дека новото 3D Touch копче нема да функционира како порано – системот има посебен систем кој вибрира кога ќе се притисне посилно копчето и чувството е исто како да притискате хардверско копче.

Покрај тоа, со 3D Touch, сега може да се отворат неколку нови функции на копчето. На пример, со лесен допир може да се отклучува телефонот, додека со посилно притискање може да се лансира камерата. Ова е само една идеја, но можностите се реално неограничени – притискањето може да се користи за се што би замислил Apple или останатите дивелопери во своите апликации, исто како и 3D Touch системот вграден во дисплеите.

Според некои информации, 3D Touch кој ќе биде вграден во копчето ќе има и 4 зони на распознавање, што значи дека би можел да се искористи за лансирање на различни апликации, во зависност од тоа каде ќе го допрете копчето. Ова сепак се чини како решение кое не би го вградил Apple – копчето е премногу мало за тоа.

На крај, новото Home копче веројатно ќе придонесе новиот iPhone 7 да биде уште потенок, заедно со тргнувањето на 3,5 mm излезот за слушалки.

Извор: Ubergizmo, BGR, NDTV

Претходна статијаНови фотографии од Lumia 650 и веројатно Lumia 650 XL?
Следна статијаTwitter ќе воведе алгоритам за организирање на твитовите ?