Facebook-timeline-everybody-searchable

Минатата недела Facebook најави дека ќе ја исклучи опцијата со која што одредени луѓе имаа избрано да не можат да бидат пронајдени преку внесување на нивното име во лентата за пребарување. Оваа опција не е достапна веќе скоро 1 година за корисниците што ја немаат користено истата, а сега ќе биде исклучена и за групата на луѓе што ја имале вклучено. Според Facebook процентот на такви корисници е мал и е во рамките на едноцифрените бројки, што и покрај тоа се работи за милиони корисници поради големиот број на Facebook корисници. Ова значи дека сега со внесување на вашето име секој ќе може да ве пронајде и да го види вашиот профил. Останува само да добро ги прилагодите вашите прилагодувања за приватност, односно да изберете кој и што ќе може да види на вашиот профил. Се разбира секогаш е тука здравиот разум, односно практиката да никогаш на објавувате нешто што не би сакале некој да го дознае или види.

Според Facebook причината за направената промена во оваа политика за приватност е верувањето на луѓето дека користејќи ја опцијата се 100% сигурни и дека никој не може да го најде нивниот профил, а од друга страна тие што пребаруваат мислат дека нешто не е во ред со пребарувачот. Исто така целта на Facebook е да доколку имате профил на социјалната мрежа, да мора да може да бидете пронајдени.

Можноста да не бидете пронајдени од одредени луѓе останува во ситуацијата кога директно имате блокирано некој корисник.

Претходна статијаGalaxy S5 порано од очекуваното?
Следна статијаВидео од очекуваните Nexus 5 и Android 4.4 KitKat?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.