Веќе одреден период во развој и тестирање, денес Foursquare ја претстави својата платформа за рекламирање. Оваа платформа е наменета за малите бизниси низ целиот свет. Преку неа истите ќе можат да почнат да прикажуваат реклами на луѓето што се наоѓаат во нивна близина. На пример, доколку сте сопственик на продавница во Скопје и сакате да привлечете повеќе, а и нови клиенти, се што треба да направите е да изберете слика од вашата продавница, да понудите можеби и одредена зделка или да истакнете некој интересен предлог оставен од клиент. Потоа го избирате вашиот буџет што би сакале да го потрошите и вашата реклама ќе почне да се прикажува на корисниците на Foursquare. Исто така оваа платформа нуди можност за следење на бројот на корисници кои ја виделе рекламата, бројот кои што кликнале на истата и се разбира најважното, колку од нив имаат дојдено и се имаат чекирано во вашата продавница. Од Foursquare истакнуваат дека овој систем на рекламирање нуди најголема можност за споредба на потрошениот буџет и ефектот од истиот, односно направените продажби на сметка на рекламата.

Претходна статијаTwitter претстави апликација оптимизирана за Android таблет компјутери
Следна статијаMicrosoft официјално ја најави третата надградба на Windows Phone 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.