Google ја издаде бета верзијата од Chrome 32 и истата доаѓа со неколку интересни функции. Главната нова функција на оваа верзија е додавањето на икона која се појавува на табовите на кои е отворена страна на која што автоматски се пушта аудио или видео клип. Доколку кога сурфате користите повеќе табови одеднаш сигурно ви се има случено на некој од нив да почне да се слуша звук, но не знаете од кој, па треба еден по еден да ги отворате за да откриете. Сега тој таб ќе има икона и веднаш ќе може да го препознаете. Покрај табовите кои имаат звук, додадени се икони за препознавање на табовите кои се поврзуваат со вашата веб камера, како и тие кои пренесуваат на Google Chromecast.

chrome-tab-icons

Исто така воведена е функцијата за блокирање на малициозни екстензии, најавена пред некоја недела, па покрај откривањето на малициозни веб страни, сега Chrome ќе го блокира секое симнување на екстензија која што содржи малициозен софтвер.

malware-notification

Бета верзијата од Chrome 32 е достапна за сите платформи, односно за Windows, Linux и OS X и истата може да ја симнете на следниот линк.

Покрај овие нови функции, додадена е и една конкретно достапна за Windows 8 и 8.1. Доколку го наместите Chrome да биде вашиот стандарден прелистувач, тогаш може да го користите и во модерната варијанта, наместо Internet Explorer. Корисничкиот интерфејс во најновата верзија е променет, па сега изгледа како Chrome OS. Воведена е можноста да отворате и користите повеќе прозорци од прелистувачот, како и покренувач за апликации (app launcher) преку кој што ќе може да ги отворате сите инсталирани апликации на вашиот Chrome.

chrome-win8

Претходна статијаART нов runtime како замена за Dalvik на Android
Следна статијаСлики од новото седиште на Apple што треба да се гради
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.