Апликациите што ги користите секојдневно на вашиот мобилен телефон се направени во одреден програмски јазик. За истите да можат да бидат покренати во оперативниот систем што го користите, се користи функција наречена Runtime која е одговорна да го претвори кодот на апликацијата во форма која може да биде покрената од системот кој работи на одреден хардвер. Претворањето се прави секој пат кога ќе стартувате одредена апликација. Моменталниот runtime што се користи во Android е наречен Dalvik.
ART работи на начин што кодот на апликацијата го претвора уште при самото инсталирање и ја претвора апликацијата во „локална“ (native) апликација на оперативниот систем и хардверот. Со овој начин се очекува многу побрзо време на стартување на апликациите, како и заштеда на батеријата на уредот. Негативна страна на ART е што поради начинот на работа, инсталирањето на апликациите ќе трае нешто подолго, а и ќе зафаќаат поголем простор.
ART е достапен во најновата верзија на Android 4.4 и може да го пробате преку вклучување во Settings > Developer options > Select runtime.