На 10-ти Ноември 1983 година, Bill Gates ја најави првата верзија на Windows, 1.0. Истата не била достапна за корисниците до 20-ти Ноември 1985 година. Името кое требало да го носи оваа прва верзија на почеток било Interface Manager, но сепак било одлучено за денеска познатото име Windows, поради начинот на организирање на графичкиот интерфејс.
Windows 1.0 бил направен да работи на IBM компјутерите и претставувал проширување на дотогашниот DOS со можноста за користење на графички кориснички интерфејс. Оперативниот систем вклучувал drop-down менија, ленти за поместување, икони и дијалог прозорчиња. Можно било да се користат повеќе програми во исто време, без притоа да мора да ја исклучите едната за да ја стартувате другата програма. Windows 1.0 доаѓал со инсталирани MS-DOS менаџер за фајловите, Paint, Windows Writer, Notepad, Calculator и Calendar со часовник, како и игра наречена Reversi. За да може да работи Windows 1.0 имал потреба од минимум 256 килобајти меморија, две двострани floppy дискови и графичка картичка.
Во продолжение погледнете ја рекламата за Windows 1.0 во која главена улога е тогаш не толку одамна вработениот во секторот продажба, а денес главен извршен директор на Microsoft, Steve Ballmer.
http://www.youtube.com/watch?v=tGvHNNOLnCk