Facebook оваа недела го имаше, според информациите, досега најголемиот прекин на своите сервиси, а на тоа посебно додаде фактот што беа опфатени сите сервиси во сопственост на компанијата (Messenger, Instagram, WhatsApp).

За периодот додека траеја прекините на овие сервиси, конкурентниот и популарен сервис Telegram има забележано скок во бројот на нови корисници. Според основачот на компанијата Павел Дуров, во 24те часа кога Facebook имаше проблеми, Telegram има добиено 3 милиони нови корисници.

Оваа информација Дуров ја пренесе преку неговиот Telegram канал, а истата гласи:

„Гледам 3 милиони нови корисници се имаат пријавено за Telegram во изминатите 24 часа. Добро. Ние имаме вистинска приватност и неограничен простор за сите.“

Инаку Telegram е апликација за разговори која ја доби својата популарност по нејзината забрана во неколку земји, меѓу кои и Русија, поради одбивање да се овозможи пристап до шифрираните разговори преку неа.

Сепак, Telegram исто така добива и критики изминатиот период, поради користење на затворен код за шифрирање, па не може со сигурност да се потврди неговата приватност од независните институции кои работат со проверка.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The Hacker News
Претходна статијаMicrosoft ја пушти посебната продавница за додатоци кои ќе работат со новиот Edge
Следна статијаОсновна стратегија за маркетинг на социјалните медиуми
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.