Најголемиот досега прекин на Facebook се случи оваа недела. Корисниците на сите сервиси од компанијата, односно Facebook, Messenger, Instsagram, Workplace и WhatsApp имаа проблем со функционирањето, а кај некои и целосно со пристап до мрежите.

Од Facebook иако го потврдија прекинот, односно проблемите со нивните сервиси, не излегоа со информација што е тоа што го има предизвикано истиот. Се разбира, веднаш се појавија различни шпекулации, кои одеа до таму дека се работи за надворешен напад на мрежата.

Сепак, причината за прекинот е многу помала, а се работи за промена на конфигурација на серверите што има доведено до верижен проблем.

Информацијата од компанијата ја пренесуваат преку Twitter, а истата гласи:


Повеќето проблеми веќе треба да се средени, односно не би требало веќе да имате било каков проблем со било кој од сервисите од компанијата.

Оставете коментар