facebook-for-8-1

Facebook ја претстави својата официјална „модерна“ апликација за Windows 8.1 на денот на излегувањето на финалната верзија од оперативниот систем. Истата беше најавена уште на претставувањето на 8.1, меѓутоа официјална дата за нејзино излегување не беше назначена. На помалку од месец дена од излегувањето, Facebook издаде надградба за апликацијата која донесува нови функции, а тие се следните:

  • Споделување на постови преку порака или вашиот timeline
  • Симнување на слики, нивно поставување како профил слика или како слика на вашиот lockscreen. Овие функции се достапни по отворање на било која слика
  • Слики во пораките
  • Споделување на вашата локација во пораките
  • Интеграција со Share charm, односно копчето за споделување на страничната лента на Windows 8.1, па сега може да споделувате на Facebook од било која друга модерна апликација
  • Прикажување само на пораките доколку го намалите екранот преку Snap функцијата на Windows 8.1

Апликацијата може да ја ажурирате преку продавницата за апликации или да ја симнете преку следниот линк.

Претходна статијаКакви промени ќе воведе Stephen Elop доколку биде избран за CEO на Microsoft
Следна статијаMicrosoft издаде „fix“ за лагот на маусот при играње на Windows 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.