Пред скоро 2 месеци Microsoft ја претстави бета верзијата од својот Edge интернет прелистувач за заинтересираните корисници на Android и iOS. Бета програмата беше со ограничен број на места, па само најбрзите кои се регистрираа на време добија можност да ја тестираат апликацијата.

Овој потег за фановите на Windows 10 претставуваше уште еден доказ за дефинитивното откажување на Microsoft од сериозниот развој на нивната мобилна платформа, па се повеќе апликации од компанијата ќе бидат развивани за двете најмногу користени платформи.

Од оваа недела Microsoft Edge е официјално достапен за сите корисници на Android и iOS, меѓутоа не во целиот свет, не ни е јасно зошто. Како што би очекувале Македонија скоро никогаш не е во листата меѓу првите, па доколку го немате симнато прелистувачот во неговата бета верзија, сега ќе треба да почекате додека стане достапен во целиот свет.

Што се однесува до функционалностите, Edge ги има сите кои се достапни на десктоп, односно синхронизација на омилените страни, Reading List, посебната страна за нови табови, Reading View и синхронизација на лозинките, како и можност за темна тема.

Microsoft Edge дава посебно внимание на можноста за продолжување на започнатата веб страна на компјутерот, па за таа намена има посебно копче достапно цело време на самата лента од прелистувачот.

Што се однесува до самото искуство, Edge како и на десктоп е навистина брз прелистувач, меѓутоа потребни се уште работи за да го направат вистинска конкуренција на Google Chrome.

Извор: Microsoft, The Verge

Претходна статијаDatally – нова апликација од Google за заштеда на интернет сообраќај
Следна статијаПознати првите информации за Snapdragon 845
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.