about-phone

За MarkO сигурно се сеќавате дека пишувавме пред извесен период. Тоа е одлична апликација направена од страна на македонската компанија CodeWell, моментално достапна за корисниците на Android. MarkO е апликација наменета да ве потсети да завршите одредени задачи или едноставно да направите нешто, како на пример купување на некој производ, врз основа на локацијата каде што се наоѓате. Тоа ја прави една од најкорисните апликации од овој вид, апликација која што не ја темели својата работа само на часот кога треба да бидете потсетени, нешто што често не е корисно.

MarkO моментално е дел од Community Award натпреварот кој што е дел од годинешниот Pioneers Festival кој што се одржува во Виена. Pioneers Festival е настан на кој што се собираат спикери, инвеститори, како и стартапи од областа на технологијата и науката.

Community Award е дел од овој настан кој што се одржува преку Facebook, на кој што се претставуваат производи од разни компании од оваа област. MarkO е еден од производите претставен на натпреварот, единствен од Македонија и се бори за првото место со досега најмногу гласови.

Гласањето се прави преку Facebook страната на настанот, а за MarkO можете да гласате преку следниот линк. Се разбира секогаш сме мотивирани во вакви ситуации да гласаме за претставниците од нашата земја, меѓутоа во овој случај се работи и за навистина добра апликација која што заслужува да биде поддржана.

Претходна статијаПовратен слух кај глувци со стимулирање на излачување на протеин
Следна статијаAndroid календарот со новиот Material дизајн прикажан на слики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.