LastPass, познатиот сервис за лозинки, оваа недела претстави нова апликација којашто е наменета за користење со сервисите кои овозможуваат дво-факторска автентикација при најавувањето.

Наречена LastPass Authenticator, апликацијата е веќе достапна за повеќето мобилни платформи, односно за Android, iOS и Windows Phone, па можете да ја симнете преку соодветните продавници за апликации.

Оваа апликација, како и другите вакви (Google Authenticator, Microsoft Authenticator), работи преку прикажување на 6 цифрен код којшто се внесува при најавување на сервисот којшто поддржува дво-фактурска автентикација.

Предноста на LastPass е во користењето на апликацијата со LastPass сервисот. Наместо најавување со внесување на кодот, на LastPass може да се најави преку одобрување на најавувањето преку известување кое го испраќа LastPass Authenticator апликацијата, со што најавувањето значително се олеснува.

Graphic-1

Овој начин на најавување преку известување сепак е достапно само за LastPass, па другите сервиси може да се користат стандардно со код, како и на конкурентите апликации. Доколку сте активен корисник на LastPass, ова може да е доволна причина да ја замените Google Authenticator апликацијата, на пример, со оваа.

За потсетување, дво-факторската автентикација е начин на најавување на онлајн сервисите преку користење на додатно ниво на заштита, покрај стандардната лозинка. Поточно, по внесувањето на корисничкото име и лозинката, за најавување на сервисот потребно е внесување на дополнителен код којшто може да се добие преку SMS или ваква апликација.

Дво-факторската автентикација се користи како дополнително ниво на заштита на сметките поради тоа што е многу потешка за пробивање, дури и со користење на не толку добра лозинка.

Симнете ја LastPass Authenticator за:

Android

iOS

Windows Phone/Windows 10 Mobile

Извор: LastPass

Претходна статијаWindows 10 Mobile најавен за денес
Следна статијаWindows 10 Mobile официјално достапен за корисниците на Windows Phone 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.