Како што очекувавме, неофицијалната информација којашто најави дека официјалната надградба на Windows 10 Mobile ќе започне денес, се покажа како точна и истата е најавена од Microsoft.

Тоа значи дека корисниците на некои од Lumia моделите од денес ќе можат да го надградат својот уред на Windows 10, нешто што веќе одамна со нетрпение го чекаат, а се одложува неколку пати.

Постарите Lumia телефони кои ќе ја добијат надградбата во оваа фаза ги вклучува Lumia 430, Lumia 435, Lumia 532, Lumia 535, Lumia 540, Lumia 635 (1 GB RAM), Lumia 640, Lumia 640 XL, Lumia 735, Lumia 830 и Lumia 930.

Се разбира, како и обично, ова не значи дека веднаш ќе можете да ја инсталирате надградбата, а истото ќе зависи и од мобилниот оператор. Доколку некој од вас почне да ја добива надградбата, пишете во коментарите за информација на останатите.

За проверка на достапноста на надградбата и слободниот простор на уредот, Microsoft има направено посебна апликација, Update Advisor, која можете да ја симнете преку следниот линк.

Windows 10 Mobile е оперативен систем којшто е развиен на иста основа како Windows 10 за десктоп компјутери и ќе даде големо значење на платформата на универзални апликации коишто треба да ги поврзат сите видови на уреди.

Исто така, во оваа верзија од оперативниот систем, направени се голем број на промени во изгледот на апликациите, а достапни се подобрени верзии од повеќето апликации од Microsoft.

Извор: Microsoft

Претходна статијаLastPass претстави апликација за дво-факторска автентикација
Следна статијаВреме е за стартап – дел 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.