Апликациите, како и Android системот, со додавката Go се наменети за корисниците од земјите во развој каде интернет пристапот не е брз и стабилен, кои исто така и најчесто користат и послаби уреди.

Овие апликации заземаат помалку простор на уредот, а и трошат помалку од останатите ресурси, па се доста погодни за користење кога користењето на стандардните апликации претставува проблем.

Иако овие апликации се наменети за земјите во развој, сепак повеќето од нив се достапни во целиот свет, па може да ги користи кој сака, без разлика дали користи прилично слаб уред или не.

Најновата од апликациите која доби своја Go верзија е Google апликацијата за Android. Google Go е името на оваа апликација и истата може да се симне од Play Store преку овој линк. Апликацијата е со големина од само 7 MB, па таа нема да го намали ограничениот простор кај послабите уреди.

Инаку, оваа апликација има нешто поразличен концепт од стандардната Google. На главниот екран се прикажани работите кои може да се користат преку истата, како пребарување, гласовно пребарување, Google Lens, а тука е и Explore делот на кој може да се читаат новости за работите кои го интересираат корисникот.

Под овие функции се наоѓа листа на апликации кои корисникот може да ги користи, а затоа што се претпоставува дека корисникот има послаб мобилен, доколку апликацијата не е интсталирана, се отвара веб страната од истата, па не мора да се инсталира.

Оваа апликација е направена така да може да функционира со помал пренос на податоци, а од Google истакнуваат дека таа ќе функционира и на нестабилна интернет конекција, а доколку нема воопшто, ќе продолжи по поврзувањето повторно на мрежата.

Доколку имате уред од барем средната класа, оваа апликација нема да направи некоја разлика за вашиот уред, а доколку редовно го користите Google за пребарување, сепак стандардната апликација го прави тоа на, ако не друго, визуелно подобар начин.

ИЗВОРVB
Претходна статијаHBO „Recommended by Humans“ е одлично место да добиете идеја што наредно да гледате
Следна статијаОфицијално потврден четвртиот продолжеток од „The Matrix“ со Кијану Ривс и Кери-Ен Мос
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.