Како активен корисник на Netflix изминатите години, идеите за што наредно да гледам почнав во главно да ги барам од самата апликација, односно од предлозите кои ми ги дава врз основа на тоа што дотогаш го имам гледано.

Овој начин според повеќе информации сепак остава простор за пропуштање на доста од достапната содржина, па не било еднаш да се зачудам зошто нешто што би го гледал, не ми било предложено од Netflix.

HBO, кои сепак имаат малку поразличен пристап кон нивната содржина, смета дека може подобро да ги направи предлозите за што нивните корисници би можеле да гледаат. Иако и HBO користи алгоритам којшто им дава предлози на своите корисници, од компанијата претставија нова страна на која предлозите кои ги има се направени стриктно од страна на луѓе.

Овој начин на предложување на содржина сепак не е направен за секој корисник посебно, што значи дека може да се најде содржина која не му се допаѓа на некој, но тоа сепак се случува и со алгоритамот. На овој начин барем ќе се дојде и до содржина која најверојатно не би била предложена од алгоритам.

Луѓето кои ги даваат предлозите имаат и свое објаснување зошто го даваат предлогот, а тоа е и делот којшто прави да овој систем има вредност. Баш тоа објаснување може да е доволна причина да се одлучиме да гледаме одреден филм, серија или документарец.

Страната со предлозите е на овој линк, https://www.humanreco.hbo.com/, па проверете и самите дали има нешто што ќе ја направи оваа страна вредна за вас.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЗаштита на децата во дигиталниот свет – Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници од Македонски Телеком
Следна статијаGoogle Go е најновата од апликациите на Google кои се полесни и наменети за послабите уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.