Како што можевме да прочитаме неколку пати до сега, Google спрема редизајн на корисничкиот интерфејс на Chrome прелистувачот, а од тоа што можевме да видиме досега, тој значително ќе го промени неговиот изглед.

Досега новиот дизајн можеше да се вклучи во тест верзиите на Chrome, за потоа да стане стандарден во најновата Chrome Canary верзија за програмерите.

Од најновата стабилна, односно официјална верзија од Chrome за сите корисници, која стана достапна оваа недела и ја носи бројката 68, новиот дизајн се „крие“ во прилагодувањата, па корисниците кои сакаат да почнат уште сега да го користат, можат едноставно да го вклучат.

За потсетување, новиот дизајн донесува бела боја на местото на досегашната сива, заоблени делови на скоро сите елементи видни на корисничкиот интерфејс, како што се табовите, лентата за адреси и пребарување, копчињата од додатоците и слично.

Вклучувањето на новиот изглед во Chrome 68 е едноставно и се што треба да направите е во следните неколку чекори:

  • Внесете го следниот текст во лентата за адреси – chrome://flags/#top-chrome-md – и притиснете ентер
  • Со жолта боја веќе ќе биде обележан делот чија што вредност треба да се смени, односно пронајдете го делот „UI Layout for the browser’s top chrome“
  • Од drop down менито кое е достапно на десната страна изберете „Refresh“, наместо моментално поставената вредност „Default“.

По ова се што треба е да го рестартирате Google Chrome, па при наредното вклучување ќе го имате новиот дизајн.

Дали ви се допаѓа новиот дизајн, којшто може да се каже дека во одредени делови потсетува на Mozilla Firefox ?

Претходна статијаКако да избегнете замор при долготрајни возења
Следна статијаКрипто 101: Токени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.