Google Chrome го има истиот изглед веќе одамна, иако беа направени некои минимални промени и освежувања. Google изминатиот период повеќе промени направи на страната за прилагодувања на прелистувачот, како и страната за додатоци и слично, меѓутоа главниот кориснички интерфејс нема добиено некои значителни промени.

Сепак, Google планира доволно голема промена на корисничкиот интерфејс за да се каже дека Chrome веќе нема да биде истиот прелистувач, односно тој скоро целосно различно ќе изгледа.

Дека вакво нешто се планира веќе можевме да прочитаме, а и до одреден степен можевме да видиме нешто од планираните промени. Изгледа развојот на промените е при крај, па нив може да ги видиме во најновата Chrome Canary верзија, вклучени автоматски со инсталирање на прелистувачот.

Да нагласиме, доколку сакате да го пробате новиот дизајн, Chrome Canary е верзија од прелистувачот наменета за програмерите, па можни се одредени багови, проблеми со некои веб страни и слично.

При вклучување на Chrome Canary веднаш стануваат очигледни промените. Изгледот на лентите е целосно променет, па сега тие имаат повеќе заоблена форма и различна боја. Промена има генерално ви сите елементи од прелистувачот, а може да се каже дека Chrome вака до некаде потсетува на Firefox.

Промена има и во лентата за адреси и пребарување која исто така го има добиено заоблениот дизајн, а променети се и иконите на истата.

По тестирањето во Canary, се очекува новиот дизајн да биде овозможен за корисниците на бета верзијата, по што ќе стане достапен за сите корисници. Сепак, информација за тоа кога може да се очекува во официјалната верзија моментално нема.

ИЗВОРThurrott
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНеколку начини како „паметно“ да купите и да чувате крипто
Следна статијаNotepad во Windows 10 добива одамна потребни новини, а истите може да се видат во најновата Insider верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.