facebook-messenger-android-md

Не знаеме за вас, меѓутоа Facebook Messenger апликацијата отсекогаш ни изгледала некако покомплицирана од што би требало да биде, односно сметавме дека има доста простор за подобрување на корисничкото искуство.

Материјалниот дизајн кој го воведе Google почнувајќи од Android 5.0 Lollipop постави еден поедноставен правец којшто програмерите можат да го следат при дизајнирање на нивните апликации.

После подолго време, Facebook Messenger го добива материјалниот редизајн, па во деновите што следат може да очекувате надградба на апликацијата преку Play Store.

Од тоа што може да се види од сликата преку која се најавува новата верзија, истата на горниот дел ја воведува лентата на која ќе бидат поставени сите делови од апликацијата со јасно изразена сина боја.

Деловите од апликацијата, односно посебните табови кои се достапни се разговорите, групите, луѓето и прилагодувањата, а истите сега многу појасно се гледаат истакнати на сината лента.

Веста за достапноста на новата верзија доаѓа од Дејвид Маркус од Facebook кој што ја најави преку неговиот Facebook профил.

Извор: David Marcus – Facebook, Android Central, TechnoBuffalo