claxi logo

За прв пат во Македонија не ви е потребен телефонски повик за да повикате такси! Отсега тука е Claxi, нова бесплатна мобилна апликација, која е достапна за сите андроид корисници, а многу скоро и за корисниците на IOS. Бета верзијата која стартува во Скопје и Куманово, со потенцијал и за другите градови во Македонија и пошироко. Согласно со барањата на патниците и на возачите, CLAXI ќе се шири и низ другите градови и региони.

Повикувањето такси никогаш не било полесно. Повиците, чекањето и високите цени стануваат минато со оваа нова мобилна апликација. Claxi ви овозможува со едноставен клик, да одберете такси според цената која ви е понудена од страна на самиот таксист, освоениот рејтинг на таксистот кај претходните корисници или избор според времето на чекање на таксистот.

Claxi

Од друга страна пак, таксистите ќе имаат можност за повеќе повици, директна комуникација со патниците, полесно лоцирање на истите, намалување на празните километри и можност самите да си ја одредат цената и попустот, како и да приложат дополнителни информации за моделот на возилото(слика), бројот на возилото и регистарските таблички, бојата, дали возилото е климатизирано или не, информации за возачот (слика), име и презиме на возачот, име на компанијата и време на чекање.

Поедноставување и подобрување на такси превозот во регионот е целта на Claxi. Превземете ја оваа бесплатна супер-едноставна апикација и уживајте во нејзините поволности. Посетете ја www.claxi.net и информирајте се за сите детали околу апликацијата.

Симни ја Claxi од Play Store