Microsoft-Logo

Познато е дека Microsoft има голем број на патенти за технологии кои што се користат во Android уредите. Производителите за да избегнат тужби и долги судски процеси, како што и е нормално, плаќаат лиценци за користење на тие патентирани технологии. Информацијата за тоа колку и кои патенти ги поседува компанијата до сега немаше, а се верува дека од продажбата на Android уреди тие имаат приходи од 1 до 2 милијарди долари, што е повеќе од приходите кои што ги имаат од нивниот Windows Phone. Според некои ова е и директно причината поради која што Microsoft повеќе се насочени кон конкурирање на производите на Apple, отколку на Google.

Како што знаете, Microsoft стана сопственик на Nokia, односно делот за уреди и сервиси, со што стана и сопственик на одреден број на патенти кои што ги има остварено оваа компанија. За да може да помине оваа зделка во Кина, од Microsoft морале да достават листа на патентите кои што ги поседуваат со цел да се утврди дали со зделката ќе бидат во позиција да ја намалат конкурентноста помеѓу компаниите. Она што не беше очекувано е кинеската влада јавно да ја објави листата на патенти, со што конечно може да се види кои се патентите кои што досега компанијата не сакаше да ги објави.

Според листата Microsoft има нешто над 300 патенти кои што се поделени во три групи, односно 73 таканаречени standard-essential, 127 патенти директно имплементирани во Android оперативниот систем, како и 110 останати патенти меѓу кои и добиени со купување на патенти од други компании.

Од листата на патенти може да се види дека од Microsoft наплаќаат за работи кои што ни се познати како корисници, како на пример комбинирањето на GPS сигналот со мобилниот сигнал за лоцирање на корисникот и слично.

Извор: The Verge, Ars Technica

Претходна статијаПретворете го вашиот обичен часовник во паметен со Glance додатокот
Следна статијаEarin: Најмалите безжични слушалки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.