Shutterstock.com

По неофицијалната најава минатата недела од страна на The Wall Street Journal, во текот на вчерашниот ден Salesforce го потврди постигнувањето на договор за купување на Slack.

Договорот е со вредност од 27,7 милијарди долари, односно толку е со моменталната вредност на акцијата на Salesforce која е дел од договорот. Тоа значи дека акционерите на Slack ќе добијат по 0,0776 акции во Salesforce за секоја нивна Slack акција, како и по 26,79 долари во кеш.

За разлика од некои спојувања на компании каде бизнисите не се многу поврзани, во овој случај пазарот може да очекува силен настан со заедничка понуда на сервисите од двете страни.

Salesforce е една од најпознатите компании на пазарот на CRM сервиси, односно сервиси за менаџирање на односите со клиентите. На ова сега се приклучува една од најпознатите компании, Slack, на пазарот на сервиси за комуникација внатре во компаниите.

Slack е компанијата која го започна сега веќе трендот на сервиси насочени кон комуникацијата внатре во компаниите, односно помеѓу тимовите кои работат на различни проекти, во различни сектори и слично.

По големиот успех на Slack, Microsoft го претстави нивниот сега можеби повеќе популарен сервис, Microsoft Teams, а следеа и Facebook, Google и уште неколку компании.

Според информациите, силната конкуренција од Microsoft Teams направи да успехот на Slack не продолжи со исто темпо, па од компанијата не испеаја да стигнат до профит. Microsoft има огромна база на корисници на нивниот Microsoft 365 сервис од кого е дел Microsoft Teams, кој сега има и бесплатна верзија наменета за обичните корисници.

Спојување на Slack со Salesforce може да има доста позитивен ефект на бројот на корисници, па слично како Microsoft, Salesforce да им го овозможи овој сервис на нивните корисници кои се во огромен број.

Официјалната најава на договорот, како и изјавите од директорите, можете да ги прочитате на страната на Salesforce.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статија5 заклучоци од третата годишна конференција за е-трговија
Следна статијаSamsung ќе ја откаже Note серијата и ќе се насочи кон развојот на Z Fold како алтернативна понуда за фановите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.