Не е првпат да читаме за тоа дека Samsung планира да ја откаже Note серијата, па тоа да не се случи. Овој пат информацијата ја објавува Reuters од повеќе нивни извори, а кога ќе се земат во предвид неколку фактори, можеби овој пат ова да испадне точно.

Според информациите, Samsung идната година нема да претстави нова генерација од Galaxy Note серијата, со што Note20 ќе биде последната. Наместо тоа, од компанијата ќе го насочат вниманието кон развојот на уредите со екран кој се превиткува, односно кон Galaxy Z Fold серијата која во 2021 ќе ја добие својата трета верзија.

Кога ќе се земе во предвид дека Note серијата беше насочена кон корисниците кои сакаат да имаат уред кој е понапред од просекот на пазарот, логично е да напорите за развој сега се насочат кон Z Fold уредите.

Главната карактеристика на Note серијата, кога беше пуштена, беше големината на екранот и подоцна поддршката за S Pen. Со оглед на тоа што повеќето смартфони во денешно време се со големи екрани, а посебно Ultra верзиите од Samsung Galaxy, можеби постоењето на Note серијата веќе и не им нуди некоја посебна предност на корисниците.

Galaxy Z Fold може лесно да го преземе местото на различен и нестандарден уред на пазарот, а дополнително внимание да се насочи и кон Galaxy S серијата кога се работи за „обични“ смартфони.

Според информациите, Samsung планира да овозможи поддршка за S Pen кај Galaxy S21 Ultra моделот, а пенкалцето посебно ќе се продава за корисниците кои сакаат да го користат. Поддршка за S Pen се најавува и Z Fold3, исто така посебно за корисниците кои би сакале да го купат.

Со постоењето на три модели од Galaxy S серијата, Samsung може да им понуди избор на сите корисници кои сакаат да купат уред од највисоката класа, без тоа да мора да биде уред со цена од над 1.000 евра. За корисниците кои сакаат нешто поразлично, Note серијата реално веќе не е тоа, па Z Fold дефинитивно може да ја замени успешно таа потреба.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаSalesforce го купува познатиот Slack за 27 милијарди долари
Следна статијаПодарок за сите А1 корисници секој ден до 30 декември преку апликацијата “Мојот А1”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments