Shutterstock.com

The Wall Street Journal во текот на вчерашниот ден излезе со информација дека две познати компании се во поодминати преговори за спојување. Поточно, Salesforce преговара за купување на Slack со што двете компании ќе ги надополнат своите сервиси по кои се познати.

Информациите доаѓаат од луѓе кои се запознаени со случувањата, како што истакнуваат од The Wall Street Journal, а официјалната најава за зделката би можела да биде објавена веќе во наредните денови, односно на почетокот од идната недела.

Вредноста на Slack, која порасна по објавата на оваа информација, се проценува на околу 17 милијарди долари. Доколку Salesforce постигне договор за купување на оваа компанијата, тоа ќе претставува најголемата зделка за компанијата, а и една од најголемите на овој пазар.

Двете компании се едни од најпознатите во својата област. Salesforce е CRM сервис, односно сервис кој овозможува менаџирање на клиентите, маркетинг и продажните активности и слично од страна на компаниите.

Slack од друга страна се насочени кон комуникацијата внатре во компанијата и кога почнаа со работа беа претставени како сервис кој дополнително ќе ја тргне потребата од имејл комуникација во компаниите.

Во денешно време Slack нема на кого не му се познати, а тие направија да и Microsoft влезе на овој пазар со нивниот Teams сервис, после неуспешен обид за купување на Slack, наводно.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2The Wall Street Journal
Претходна статијаSnapchat претстави свој конкурент на TikTok наречен Spotlight
Следна статијаУспешно одржан првиот #FITR CLASSROOM вебинар со Марвин Лиао
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.