google-plus-new

Иако повеќето информации кажуваат дека Google не успева да го постигне саканиот успех со својата социјална мрежа, сепак истата се’ уште функционира, има голем број на корисници, а компанијата продолжува да работи на неа. Оваа недела Google+ добива нов преработен дизајн на својата Android апликација која што веќе можете да ја симнете преку продавницата.

Google+ апликацијата за Android добива многу поедноставен дизајн и кориснички интерфејс и според нас вака изгледа и работи многу подобро. На горната страна од екранот ќе ја најдете карактеристичната црвена лента, која што сега има поизразита црвена боја, на која што се поставени копчињата за пристап до прилагодувањата, нотификациите и вашите пријатели. Менито до кое што се пристапуваше со повлекување од левата трана е целосно тргнато, што додава на едноставноста на дизајнот. Прелистувањето на листата со новости е останата прилично иста, со познатата анимација, односно појавувањето на новостите во форма на карти како што „скролате“ надоле. На десната долна страна цело време е присутно ново копче со чие што притискање објавувате новост на вашиот профил.

google-plus-1

Друга новост која што е достапна со најновата верзија од Google+ е функција претставена оваа недела и на веб страната на социјалната мрежа. Новата функција, наречена Google+ Stories, ги групира вашите најнови слики и видеа во интересен автоматски направен албум. Оваа функција исто така ја користи информацијата од вашата локација, па веќе нема да треба да ги организирате вашите слики, после одмор на пример, колку многу и да имате. Пример од Google+ Stories можете да видите на следниот линк.

Извор: Engadget, Ars Technica

Претходна статијаКреаторите на YouTube видеа ќе можат да добиваат средства од нивните фанови
Следна статијаSamsung ќе претстави самостоен паметен часовник
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.