YouTube најави неколку нови можности за креаторите на видеа, односно сопствениците на YouTube канали, на овој најпознат сервис за видео стриминг. Покрај другите, најинтересна е можноста за креаторите да добиваат пари од своите фанови. Моментално креаторите имаат можност за заработка преку добивање на дел од приходите од рекламите кои што се прикажуваат на нивниот канал.
Креаторите сега може да креираат еден вид на проект со кој што од своите фанови ќе побараат средства, па заинтересираните директно преку YouTube да ги уплатат истите. Ова ќе биде корисно доколку не заработувате доволно од својот канал, а сакате да воведете нешто ново што сметате дека ќе го направи вашиот канал поинтересен, а со тоа и погледан.
Покрај оваа можност од YouTube најавија дека редовно ќе објавуваат видео кое што го нарекуваат Creator Preview, преку кое што креаторите ќе можат редовно и навремено да се информираат за проектите и функциите на кои што работат од оваа страна, а со тоа да го дадат и своето мислење. Покрај ова, во изработка е посебна апликација за креаторите која што треба да ги содржи функциите барани од задницата на креатори, но во овој момент нема повеќе детали околу тоа што ќе го содржи оваа апликација.
Уште една интересна можност која што ќе биде додадена е можноста за додавање на преводи од страна на гледачите на видеата, па така доколку не сте во можност самите како креатор да вклучите превод на вашите видеа, тоа ќе може да го направат вашите фанови.
Извор: YouTube Creator