„Слушајте ги внимателно звуците од Марс, снимени од Perseverance од NASA: механичките „шкрипења“ и кликови на слабиот марсовски ветер, звукот на роторите на Ingenuity, хеликоптерот на Марс, крцкањето на ласерот за кршење на камења.“

Вака NASA ја започна својата вест за првата анализа направена за звуците на Марс, преку најновиот ровер од агенцијата, Perseverance. Врз основа на звуците кои се снимени со две микрофони од роверот, објавена е и првата студија во журналот Nature.

Главниот заклучок од анализите е дека звукот на Марс се движи со помала брзина во споредба на Земјата, а тоа е нешто што било очекувано со оглед на поретката, ладна атмосфера на планетата составена во главно од јаглерод диоксид.  

Звукот на Марс се движи со различни брзина зависно од фреквенцијата, нешто што не е случајот на Земјата. Па така, високите тонови се движат со брзина од 250 метри во секунда, додека пониските тонови со брзина 240 метри во секунда. На Земјата звукот се движи со брзина од 343 метри во секунда.

Уште поинтересно е откритието за тоа колку далеку може да патува звукот, односно до која далечина може да се слуша пред да се „изгуби“. На Марс таа далечина е само 8 метри, додека за повисоките тонови уште помала. На Земјата оваа далечина достигнува до 65 метри.

Научниците кои ги истражувале звуците на Марс прво мислеле дека микрофоните се расипани, поради тоа што планетата е доста тивка, токму поради тоа што звуците не патуваат далеку.

Во продолжение е видео во кое може да се слушнат звуците од Марс, односно од самиот ровер, хеликоптерот, како и околината.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаMicrosoft ги спојува неколку Android тимови под секторот на Панос Панај
Следна статијаGoogle Developers Group – Skopje го организираат „The power of hidden servers: Google Cloud Serverless Services“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.