Малиот хеликоптер од NASA, Ingenuity, кој дојде прикачен на роверот Perseverance, го направи својот десетти успешен лет на Марс. Со овој лет, кој беше и најсложен досега, Ingenuity официјално помина вкупно растојание од 1,6 километри, односно 1 милја.

Иако ова не е некоја голема далечина, сепак кога ќе се земе во предвид дека ова е првото автономно летало на друга планета, за кое се планирани многу помалку мисии, ова е одличен успех. Со информациите кои ги собира NASA од летовите на Ingenuity, не само што ќе може да се организира многу полесно наредната мисија на некоја друго летало, се прави и голема помош на Perseverance роверот кој е и главното возило на оваа мисија на Марс.

Со десеттиот лет Ingenuity леташе и до рекордна висина од 12 метри преку досега најтежок предел наречен „Raised Ridges“. Овој дел од Марс во иднина може да биде посетен од Perseverance, па сликите и податоците кои се добиени од Ingenuity сигурно ќе се покажат како корисни.

Поради тоа што NASA не ни планираше и не очекуваше до волку успешна мисија на Ingenuity, не е познато уште колку пати ќе лета овој мал хеликоптер на Марс.

ИЗВОРEngadget
Претходна статија21 ден во Европа со едно полнење на Huawei Watch 3 Pro
Следна статијаДржавниот завод за индустриска сопственост потпиша Меморандум на соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.