Најверојатно за нас кои не живееме во САД оваа информација доаѓа и како изненадување, но ете Netflix се’ уште го имале нивниот сервис за изнајмување на DVD филмови и серии. Овој сервис беше првиот бизнис на компанијата кој започна да функционира во 1998 година. Доста брзо Netflix станаа познати по својот црвен плик во кој корисниците ги добиваа по пошта филмовите и сериите кои ги изнајмиле.

Овој сервис конечно ќе престане да функционира, па од компанијата најавија дека последниот DVD диск ќе биде испорачан на 29 септември оваа година, по што можноста за изнајмување веќе нема да биде достапна.

„Иконските црвени пликови го променија начинот на кој луѓето гледаа серии и филмови дома – и го отворија патот за промена кон стриминг. Од самиот почеток, на нашите членови им се допадна изборот и контролата што ја нудеше забавата директно до потрошувачот: широката разновидност на наслови и можноста да ја гледаат целата серија одеднаш. ДВД-ата, исто така, доведоа до нашиот прв влез во оригиналната продукција- со наслови од Red Envelope Entertainment, вклучувајќи ги Sherrybaby и Zach Galifianakis Live at the Purple Onion.“ – истакнаа од Netflix.

Во истиот период кога ќе престане овој сервис, од компанијата планираат да ја прошират наплатата на корисниците кои ја споделуваат својата Netflix сметка со луѓе надвор од нивното домаќинство.

Како што е познато, Netflix уште од минатата година ја тестира оваа претплата во неколку земји, а корисниците можат да додадат до двајца корисници надвор од домаќинството за кои се доплаќа, на пример во Канада по 6 долари од корисник.

Корисниците имаат можност да го префрлат својот профил на целосно нова сметка и така да почнат да си плаќаат сами за гледање на сервисот, но со задржување на историјата на гледање и предлозите.

Кога се очекува проширување на оваа претплата во повеќе земји, не е познато, но веруваме дека во земји како нашата ќе е гледа да се воведе што подоцна.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаwatchOS 10 треба да ја донесе најголемата надградба на системот од неговото претставување
Следна статијаЗа сопствениците на домашни миленици: Неколку начини како да го одржувате вашиот дом свеж и чист
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.