Фото: Shutterstock.com

Netflix воведе нова можност за корисниците кои сакаат да отворат посебна сметка од сервисот, да ги задржат своите прилагодувања преку префрлување на нивниот профил во новата сметка.

Profile Transfer треба да им стане достапен на сите корисници во светот во периодот што следи, а на оваа нова функција се гледа како на првиот чекор до воведувањето на дополнителна претплата доколку една сметка има корисници кои не се дел од истото домаќинство.

Според информациите, дополнителната претплата треба да почне да се применува од почетокот на идната година, а со таа треба да се направат посебни претплатници корисниците кои сега не плаќаат за сервисот. Бројката на овие корисници според Netflix е околу 100 милиони.

Префрлувањето на профилот се прави едноставно преку менито на сервисот кое се наоѓа со отворање на веб страната. Profile Transfer копчето го започнува овој процес кој треба да ги префрли сите информации од профилот во нова сметка, како што се личните препораки, историјата на гледање, листата на содржини, зачувани игри и слично.

Од компанијата информираат дека во периодот што следи корисниците ќе добијат имејл кој ќе ги извести за оваа можност, а тие секако оваа функција не ја поврзуваат со дополнителната претплата.

Можноста за префрлување на профилите се промовира како одлична функција која на корисниците им овозможува да си имаат своја посебна сметка кога веќе не се дел од одредено домаќинство, кога веќе не живеат со својот цимер од факултет, на пример, како и кога веќе не се во врска со некоја личност.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаApple ја претстави десеттата генерација од iPad со нов дизајн и нова тастатура развиена за него
Следна статијаFile Explorer конечно доби „табови“ во Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.