Фото: Shutterstock.com

Познато е дека Netflix ќе почне да го спроведува своето правило дека сметките не смее да се користат од корисници во различни домаќинства, односно дополнителните профили на сервисот се замислени да бидат за различните корисници во семејството.

Најавите се дека промените ќе почнат да се прават од идната година, а според Wall Street Journal, истите ќе се случат од почетокот на годината.

Според најавите од овој медиум, Netflix не сака да навлече негативни реакции, па процесот ќе почне постепено, односно нема веднаш да се спроведува строго. Поради тоа, а и најавата дека на почетокот од идната година промените може да се очекуваат во САД, би требало нашата земја да биде подолу на листата, односно подоцна во годината.

Откривањето дали некој го користи сервисот на една сметка, но од повеќе локации, што значи не во истото домаќинство, ќе се прави преку IP адресите, ознаката на уредот од којшто се гледа, како и врз основа на активноста на сметката.

Корисниците кои не се дел од домаќинството, односно тие кои не се сопственици на сметката, ќе мора да внесуваат код кој ќе им го испраќа сопственикот, па од Netflix ова го гледаат како нешто што ќе ги натера да отворат своја сметка.

Доколку корисниците не сакаат да отворат посебна сметка, ќе биде достапна веќе најавена можност да се доплаќа за до двајца дополнителни корисници, а цената би се разликувала од земја до земја. Во неколку земји каде што се тестираше оваа доплата, корисниците требало да доплатат по 3 долари од корисник.

Netflix веќе воведе можност за корисниците да отворат посебна сметка, а да ја задржат историјата на гледање од нивниот профил преку алатката Netflix Profile Transfer. Ова беше јасен показател дека денот кога ќе дојде крајот на споделување Netflix лозинки е блиску.

Од компанијата исто така овозможија преглед на уредите и локациите од каде се пристапува на сметката, нешто што е исто така корисно кога ќе треба да се направи разлика помеѓу видот на корисници.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаМакедонија стигна до Топ 4 на глобалното финале на Red Bull Campus Clutch во Бразил
Следна статијаИзрази ја својата уметничка страна со Samsung Galaxy Tab S8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.