Фото: Shutterstock.com

Иако според официјалните правила на сервисот не е дозволено, Netflix сепак со години им дозволува на корисниците да ја споделат својата претплата со нивните пријатели, односно со луѓе кои не се дел од истото домаќинство. Ова може да се направи поради можноста за креирање на неколку профили на истата сметка, со што корисниците нема да се „мешаат“ еден со друг и ќе имаат сопствена листа на гледана содржина и препораки.

Од компанијата оваа можност ја имаат замислено да се користи од страна на семејствата, па веќе најавија дека ќе почнат да го спроведуваат правилото.

Веќе можевме да прочитаме како од Netflix планираат да го решат овој нивни проблем со кој губат 100 милиони корисници, според нивните статистики. Тие не планираат само да им го блокираат пристапот, па наместо тоа ќе им овозможат да платат за користењето на туѓа сметка, како и да отворат нова со целосно префрлување на статистиката од нивниот профил.

Корисниците ќе можат да креираат таканаречени под-сметки, за овие дополнителни корисници, а за нив ќе се плаќаат 3 долари сметка, односно корисник. Ќе може да се креираат до две под-сметки, што значи корисниците кои ја имаат споделено својата лозинка до тројца пријатели, ќе мора да изберат кој би требало да почне сам да си плаќа за сервисот.

Оваа сума е пониска од плаќање на посебна сметка, па можеме да разбереме зошто од Netflix сметаат дека корисниците кои не сакаат да плаќаат за посебна сметка, можеби би се одлучиле полесно да платат 3 долари.

Досега немаше точна информација кога може да се очекува официјалното спроведување на оваа новина, која беше тестирана во главно кај корисниците од Јужна Америка.

Од компанијата сега најавија дека планот е доплатата да почне да се применува од идната година, без точна најава од кој месец, но веруваме дека би било во првата половина.

Според информациите, Netflix ќе им овозможи на корисниците да можат да креираат дополнителни „домови“, најверојатно за тие кои го користат сервисот од повеќе места, но сепак не го делат со пријателите.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаНови серии на Pickbox TV кои не сакате да ги пропуштите
Следна статијаРегистрацијата на TikTok Music најавува претставување на апликација за стриминг на музика од TikTok
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.