Фото: Shutterstock.com

TikTok изгледа сака да влезе на пазарот кој моментално го држат Spotify, Apple Music, YouTube Music, Tidal и слични. Ова се гледа од поднесувањето на апликација за регистрирање на трговска марка под името TikTok Music.

Апликација за стриминг на музика од TikTok би требало да ги загрижи конкурентите кога ќе се земе во предвид популарноста на TikTok апликацијата моментално, кој полека ги надминува Facebook и Instagram.

Според информациите во апликацијата до Канцеларијата за Патенти и Трговски Марки на САД (USPTO), TikTok Music нема да биде баш иста апликација како тие од конкурентите. Очекувано, TikTok Music ќе воведе одредени друштвени функции, па оваа апликација ќе им овозможи на корисниците да можат да коментираат на песните, да споделуваат „плејлисти“ и слично.

Покрај ова, останатите функции се прилично стандардни, односно укажуваат на креирањето на апликација за стриминг на музика, па тие вклучуваат можност за купување, слушање и симнување на музика, песни, албуми, текстови и слично.

TikTok веќе има регистрирано ваква апликација во Австралија минатиот ноември, а од компанијата веќе имаат апликација наречена Resso достапна во Бразил, Индија и Индонезија со слични карактеристики.

Не е познато дали од компанијата оваа апликација планираат да ја наречат TikTok Music во остатокот од светот, односно да ја искористат како основа или се работи за целосно нова и различна.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДоплатата за корисниците кои не се дел од истото домаќинство Netflix планира да ја воведе од идната година
Следна статијаA1 Македонија уште поблиску до своите корисници – мобилни продажни салони до најоддалечените места
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.