Скопје, 1.08.2022г. – А1 Македонија ја унапредува својата продажна мрежа и уште повеќе се доближува до своите корисници со воведување супер модерно опремени мобилни продажни салони преку кои се достапни сите А1 услуги како и во секој продажен салон.

Двете мобилни продавници ги имаат сите карактеристики на продажен салон и се уредени според најновите светски стандарди кои се во согласност со А1 Телеком Австрија Групацијата што подразбира интерактивен пристап на продажба чија цел е да обезбеди премиум корисничко искуство.

Мобилните продавници на секој корисник му овозможуваат да биде во центарот на комуникацијата, директно да добие информации за производите и услугите и на тој начин непосредно и многу полесно да направи избор на услуги согласно своите потреби.

“Овојпат се доближуваме на корисниците во најоддалечените места во земјата и им посакуваме топло добредојде овозможувајќи им премиум корисничкото искуство најблизу до нивните домови исто како и во сите продажни салони ширум земјата.  Со двете мобилни продавници, жителите во оддалечените места добиваат модерно место каде ќе се чувствуваат пријатно додека ги избираат телекомуникациските услуги кои одговараат на нивните потреби. Ова е уште еден доказ за нашите заложби за постојано подобрување на продажната мрежа согласно потребите на корисниците”, изјави Александар Сарџовски, директор на одделот за продажба А1 Македонија.

Во продолжение листата на локации предвидена за периодот од 1.08.2022г. до 14.08.2022г.

01.08.2022ПонеделникОхридПарк09:00 – 18:00
02.08.2022ВторникОхридГрадиште09:00 – 18:00
03.08.2022СредаОхридЉубаниште09:00 – 18:00
04.08.2022ЧетвртокСтругаПливалиште – Барабар09:00 – 12:00
05.08.2022ПетокСтругаЕуротел10:00 – 13:00
06.08.2022СаботаОхридПарк09:00 – 18:00
07.08.2022НеделаОхридГрадиште09:00 – 18:00
08.08.2022ПонеделникОхридЉубаниште09:00 – 18:00
09.08.2022ВторникСтругас.Лабуништа09:00 – 12:00
10.08.2022СредаСтругас.Октиси09:00 – 12:00
11.08.2022ЧетвртокСтругаПливалиште – Барабар09:00 – 12:00
12.08.2022ПетокОхридПарк09:00 – 18:00
13.08.2022СаботаОхридГрадиште09:00 – 18:00
14.08.2022НеделаОхридЉубаниште09:00 – 18:00
Претходна статијаРегистрацијата на TikTok Music најавува претставување на апликација за стриминг на музика од TikTok
Следна статијаМакедонски Телеком оствари позитивни резултати во првата половина на 2022 година