Веќе проверено, телевизискиот канал Pickbox TV пружа забава за целото семејство а ни август не е исклучок. Со две нови серии и враќањето на култниот класик, жешкото лето ќе стане за неколку степени попријатно!

Запознајте го животниот стил на сурферите

Во средиштето на серијата Барони (Barons) се наоѓаат животните приказни на Снапер Вебстер (Бен О’Тул) и Бил “Тротер“ Двајер (Шон Кинан), двајца неразделни пријатели и големи љубители на сурфањето на кои не им недостасува претприемачки дух. Токму амбициозноста ќе биде главната причина за раздорот на нивното пријателство и безмилосното ривалство. Од друга страна, главните протагонисти ги следи и исклучителна креативност која ќе доведе до создавање на мултимилионските сурферски брендови Bare Feet и Light Wave, односно фиктивните називи на вистинските брендови како што се Quicksilver и Rip Curl.

Сместен во измисленото крајбрежно гратче Вугонга во Нов Јужен Велс, дејството е фокусирано на приказот на сурферската култура и животниот стил, додека истовремено се прикажува и општествено-политичкиот контекст на седумдесеттите години на минатиот век. Серијата ја истражува некогашната австралиска атмосфера – од хипи движењето и Виетнамската војна, па сè до тогаш горливото прашање за положбата на Абориџините и проблематиката на женските права што додатно го збогатува искуството на гледање.

Следете ја серијата од понеделник од четврток во доцниот вечерен термин.

Како да се борите против злото?

Прашањата кои серијата Кралот (The King) сака да ги постави се: може ли и дали воопшто треба да се преговара со злото? Колку далеку може да се оди во тоа? Ова е елемент од приказната кој го инспирира Лука Цингарети, познатиот италијански актер, за идејата за првата италијанска затворска серија.

Бруно Тестори (Цингарети) е затворски управник кој личната идеја за правда ја применува во својот затвор, додека надвор од него, неговиот живот е далеку од среден. Затворот, кој се наоѓа во неодредена италијанска погранична зона која не подлежи на италијанскиот закон, преполн е со тврдокорни криминалци од разни видови. Кога неговото кралство неочекувано ќе се најде под закана, тој влегува во најтешката војна во својот живот. 

Следете ја серијата од понеделник од четврток во доцниот вечерен термин.

Враќањето на Херкул Поаро

Култната британска писателка на криминалистички романи Агата Кристи во текот на својата долга и плодна писателска кариера има напишано десетина романи и кратки приказни, а кои не престануваат да нè забавуваат сè до денешен ден.

И покрај огромниот број ликови кои потекнуваат од нејзиното и повеќе од вешто перо, со Агата Кристи посебно поврзуваме еден од нив – понекогаш по малку и смешниот, но затоа секогаш беспрекорно дотераниот господин со белгиско потекло, со првокласен интелект и величествени мустаќи. Славниот Херкул Поаро е најпознатиот детектив на светот, а неговите истраги на злосторствата ги следеа генерации вљубеници во мистериите, и тоа од 1989 година, кога е прикажана првата епизода.

Легендарната британска крими драма Поаро (Agatha Christie’s Poirot) се враќа на Pickbox TV, од понеделник до петок во 21 часот.

Новите серии но и многу други содржини погледнете ги на телевизискиот канал Pickbox TV.

Претходна статијаИграњето компјутерски игри не влијае негативно на менталното здравје на луѓето
Следна статијаДоплатата за корисниците кои не се дел од истото домаќинство Netflix планира да ја воведе од идната година