Ако го запрашате секој креативец, без разлика на областа од уметноста со која тој се занимава, ќе ви одговори дека инспирацијата секогаш надоаѓа неочекувано, во кој било момент, а моментот ако се искористи, тогаш настануваат одлични креативни решенија и дела. Неретко сме гледале луѓе околу нас кои со себе секогаш носат пенкало или молив, некој мал нотес или кнужуле за да го искористат моментот и ја запишат мислата или исцртаат креацијата. Веќе тоа се смета за непотребно, бидејќи сега се достапни таблети кои можат да ви го олеснат животот во овој поглед. Aко не сте сигурни кој таблет ќе ви ги обезбеди најдобрите спецификации за лесно да создавате креативни дела, а сепак да останете во рамките на вашиот буџет, не барајте понатаму – тоа е новата серија таблети Samsung Galaxy Tab S8 која ги вклучува моделите Tab S8, Tab S8+ и Tab S8 Ultra.

Идеален таблет за пишување и извонредно платно за цртање со спектакуларна палета од бои

Фаќањето белешки, или едноставно, недозволувањето некоја идеа да избега, е сега лесно со двете бесплатни апликации Samsung Notes и Noteshelf кои се претходно инсталирани на серијата таблети Samsung Tab S8. Запишување на мислите и идеите сега за секој писател, автор, новинар и секој друг чија работа е поврзана со пишаниот збор, е лесно со новото, прецизно и подобрено S Pen, а апликацијата Samsung Notes ќе го претвори вашиот ракопис во текст за мислите полесно да течат.  Апликацијата Clip Studio Paint во вашиот Samsung Galaxy Tab S8 ќе ви го овозможи она природно чувство на цртање со четка за веднаш да ги оживеете своите најиновативни креации, цртежи, слики или скици, при тоа користејки извонредна палета на бои. Квалитетот на вашиот дигитален уметнички израз ќе ги остави без зборови сите, а најмогу Вас.

Персонализирана и подобрена организација со апликацијата Noteshelf

За подобра организација или како креативен израз можете од Noteshelf Club да изберете дигитален планер или соодветен layout, а со налепници и скици означете го распоредот и изразете ја својата креативност повеќе. Noteshelf исто така ви овозможува да креирате различни тетратки во рамките на програмата, овозможувајќи лесно да ја организирате работата, слободното време и секојдневниот живот. А кога можеби ќе заборавите каде се зачувани белешките, вградената алатка за пребарување на Noteshelf за вашите дигитално или рачно напишани белешки, ќе ви помогне брзо да го лоцирате она што ви треба. Ако претпочитате да ги чкртате вашите идеи користејќи S Pen, апликацијата поддржува и препознавање на ракопис, а опцијата на Samsung Notes’ landscape scrolling нема да ве остави без простор за вашето изразување.

Роковник со мултимедијални опции

Ако сте од оние луѓе кои за време на часови, на работа и на состанок постојано фаќаат белешки или пак прават видео записи од радосни настани со семејството или пријателите, тогаш таблетот Samsung Galaxy Tab S8 е создаден за вас. Има 6MP Ultra-Wide и 13MP AF задна камера, како и три микрофони, за да можете да снимате и слики и звуци од важни состаноци и посебни прилики со кристална јасност.

Важна карактеристика е што овие фотографии и аудио снимки може веднаш да се додадат во вашите записи на Samsung Notes или Noteshelf за брз пристап. Додека ги пишувате вашите идеи, можете исто така да прикачите линк до вашето омилено видео за TED Talk или до вашиот Mood board на Pinterest,  за да брзата доза на инспирација е секогаш достапна.

Дизајниран за лесен мултитаскинг и широко поврзување

Денес мултитаскингот е секојдневие, а Samsung Galaxy Tab S8 го искачува на следното ниво со подобрени функции на Multi-Active Windows: отворање и промена на големината на повеќе апликации истовремено; Samsung DeX со карактеристики слични на компјутер кој поддржува транспарентни прозорци на апликации и пресликување на екранот на надворешен дисплеј. Додека ја организирате вашата листа на задачи или работите на комплициран проект, истовремено можете да ги проверувате е-поштата и календарот.

Серијата Galaxy Tab S8 исто така поддржува Samsung Cloud за беспрекорна синхронизација помеѓу уредите Galaxy за брз пристап до вашиот материјал на Samsung Notes. Пишувате или цртате на вашите Samsung таблет, телефон или лаптоп? Не е важно бидејќи таму каде што застанавте на едниот уред, продолжувате веднаш на другиот.  Новиот Samsung Galaxy Tab S8 е дизајниран за нова ера на поврзување. Експериментирајте со уникатни и ефективни методи на пишување за кои само вашата креативност е лимит.

Претходна статијаNetflix ќе почне да се „справува“ со споделувањето на лозинките од почетокот на идната година
Следна статијаTwitter објавите се 100 пати повеќе читани од што се „лајкувани“