Netflix пушти уште една функција која се поврзува со наплатата на корисниците кои не се дел од истото домаќинство, нешто што треба да започне идната година. По пуштањето на Profile Transfer функцијата, која овозможува корисник да го префрли својот профил на нова сметка, сега корисниците ја добиваат функцијата Manage Access and Devices.

Иако од компанијата не ја претставија оваа функција како нешто поврзано со различните профили кои не се дел од истото домаќинство, сепак се верува дека ова на крај ќе им се најде на корисниците кога ќе мора да решат кој ќе може да ја користи истата сметка.

Manage Access and Devices е нешто што е веќе одамна достапно на имејл сервисите, друштвените мрежи и генерално повеќето онлајн сервиси. Како што кажува и самото име, корисниците добиваат пристап до листа на уреди кои се поврзани на нивната сметка.

Под секој уред достапни се и дополнителни информации, како на пример кој профил го користи тој уред, како и од која локација и кога последен пат има гледано нешто корисникот.

Од овој дел може да се одјави некој уред, а тука е и поврзаноста со поделбата на сметката.

Од компанијата оваа новина ја промовираат како одличен начин за одјавување на уредите од кои корисникот може да гледа Netflix за време на претстојните празници, како на пример од хотел, од кај семејството и слично.

До Manage Access and Devices може да се дојде преку веб, односно Account Settings менито.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаМладите од Западен Балкан дискутираа за младинските перспективи на регионот
Следна статијаOnePlus 11 ќе биде еден од првите смартфони кои ќе работат на новиот Snapdragon 8 Gen 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.