Технолошкиот гигант Huawei е длабоко разочаран од сознанијата во поглед на обвиненијата поднесени против компанијата од страна на САД. По апсењето на г-ѓа Менг, компанијата побарала можност да разговара за истрагата на Источниот округ во Њујорк во Одделот за правда, но барањето било одбиено без објаснување.

Наводите за трговска тајна на Западниот округ во Вашингтон веќе беа предмет на граѓанска тужба која двете страни ја решија откако поротата во Сиетл не најде ниту штета, ниту намерно и злонамерно однесување во врска со тврдењето за трговска тајна.

Компанијата негира дека тие или нивните подружници извршиле некое од тврдените кршења на американскиот закон наведени во секое обвинение, не се запознаени со какво било погрешно постапување од г-ѓа Менг, и смета дека американските судови на крајот ќе го донесат истиот заклучок.

Претходна статијаБез изговори! Да ги заштитиме децата од повреди или загуби во сообраќајот!
Следна статијаApple објави пад на продажбата на iPhone од 15 проценти