Трговската војна која се води помеѓу двете најголеми економии во светот од оваа недела добива нов правец. Како што се очекуваше и најавуваше по апсењето на финансиската директорка на Huawei и ќерка на основачот на компанијата, Менг Ванжу, САД поднесе федерални обвиненија против компанијата во Кина, нивното претставништво во САД, како и директно против Ванжу.

Обвиненијата имаат повеќе точки, а тие може да се сумираат во неколку дејствија за кои е обвинет Huawei.

Според Министерството за правда на САД, Huawei има украдено интелектуална сопственост од американска компанија, а потоа за истото ги има попречувано судските процеси.

Се работи за наводна кражба на технологија од робот за тестирање на смартфони од T-Mobile USA, за што компанијата има поднесено тужби кога се има случено истото.

Од министерството исто така истакнуваат дека Huawei ги има мотивирано своите вработени со награди за успешна кражба на компаниски тајни од други компании.

Huawei се исто така обвинети за соработка со Иран, земја кон која САД имаат поставено санкции, поради кои, меѓу другото, никој не смее да соработува со оваа земја.

Доколку бидат осудени како виновни, Huawei се соочува со казни од 500.000 до 5.000.000 долари, барем така стои на страната на Министерството за правда, а оваа сума изгледа смешна во споредба со тоа што го заработува Huawei годишно.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаFiat 500 со нов рекорд
Следна статијаSamsung официјално ја претстави Galaxy M серијата за индискиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.