google-chrome-f

Изминатиот период Google Chrome ја доби својата 64-битна верзија за корисниците на Windows, нешто што е случајот на Linux веќе одреден период. Корисниците на Mac останаа последни, меѓутоа и тие нема уште долго да чекаат. Последната бета верзија, покрај другите новини, вклучи и 64-битна поддршка за корисниците на Mac. Финалната верзија за овие корисници, треба да биде достапна од Ноември, па сите корисници, не само тие кои што користат бета верзии, ќе можат да го користат прелистувачот со подобрена брзина, подобра стабилност и подобрување на сигурноста.

Од Google преку својот блог известија дека во Ноември, кога ќе биде достапна 39-тата верзија од Chrome, корисниците на Mac ќе можат да ја симнат и користат само 64-битната верзија. 32-битната верзија ќе биде тргната и нема да биде достапна како што тоа е случајот со Windows. Додатоците кои што се направени за 32-битната верзија веќе нема да функционираат, па корисниците кои што сакаат да продолжат да го користат овој прелистувач, ќе мора да користат 64-битен компјутер.

Според Google, поголемиот дел од корисниците на Mac користат 64-битен компјутер, односно процесор и оперативен систем, па оваа одлука ќе остави минимален број на корисници кои што нема да можат да го користат веќе нивниот прелистувач. Се разбира дека доколку ова не беше случајот од Google сигурно немаше да се одлучат да остават голем број на корисници без нивниот прелистувач.

Извор: Google, Engadget

Претходна статијаУште едно неофицијално видео од Windows 9, ја покажува работата со повеќе десктоп околини
Следна статијаDigitsole: Првата интерактивна влошка која ќе ги стопли вашите стапала
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.