png_base64672b18a0aa3bcb4b

Најновата бета верзија од познатиот прелистувач Google Chrome доаѓа со новости кои што се интересни за неколку платформи на кои што е достапен. Првата нова функција е достапна за сите платформи на кои што е достапен Chrome, односно за Windows, OS X и Linux. Се работи за додавање на поддршка за многу поедноставно менување на кориснички сметки, како и вклучување на посебна гостинска сметка. Менувањето на сметките, како и моментално активната сметка, ќе бидат прикажани на посебно drop down мени на горниот десен дел од прозорот. Оваа функција е посебно корисна доколку вашиот компјутер често го користат и други луѓе, па не сакате сите тие да ги гледаат вашите омилени страни, историја на сурфање и слично. Како што знаете Chrome веќе одамна поддржува најавување со вашата Google сметка, со што добивате можност за синхронизација на вашиот профил со другите уреди каде што го користите овој прелистувач.

Оваа функција е се’ уште во тест фаза, па може да се очекуваат одредени недовршени работи. Така на пример, доколку не се одјавите од вашата сметка, секој друг кој што го користи Chrome со неговата сметка може да се префрли и на вашата. Ова е нешто што сигурно ќе биде средено до пуштањето на функцијата во финалната и стабилна верзија од Chrome. Сепак, кога гостинската сметка е исклучена, сите активности од сурфањето се бришат, па барем сега таа сметка е сигурна доколку ви е важна приватноста при сурфањето.

png;base649e48cf4601735ba

Втората новина во Chrome beta е додавањето на 64-битна поддршка за OS X оперативниот систем. Оваа новина доаѓа само неколку дена по официјалната 64-битна поддршка во финалната верзија од прелистувачот за Windows корисниците. Linux корисниците ваквата поддршка ја имаат веќе подолг период. Она што се очекува со добивањето на 64-битна поддршка за OS X е зголемување на брзината на прелистувачот, која што најмногу би требало да се забележи при неговото стартување. Исто така, од Google истакнуваат дека 64-битната верзија од прелистувачот треба да троши помалку од RAM меморијата на компјутерот.

Иако се работи за бета верзија која што често е користена од обичните корисници, сепак се препорачува да бидете внимателни. Доколку сакате да ја пробате најновата бета верзија тоа можете да го направите преку следниот линк.

Извор: Google Chrome Blog, Chromium Blog, Engadget

Претходна статијаApple почна да испраќа покани за настан на 9-ти Септември
Следна статијаMinuum ја прикажа својата тастатура која што ќе биде достапна за iOS 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.