Screenshot 2014-09-13 16.32.42

Доколку информациите се покажат како точни, до претставувањето на новата верзија од Windows остануваат нешто повеќе од две недели. Како што тоа стана нормално веќе за сите производи, последните неколку недели се полни со неофицијални информации, слики и видеа од разни извори. Изминатата недела можевме да видиме повеќе слики од тоа како наводно ќе изгледа Windows 9, како и видео во кое што е претставено новото Start мени кое што покрај стандардните програми, ќе ги вклучува и модерните.

Сите информации овие денови доаѓаат од два германски портали, поточно од WinFuture кој што ги прикажува видеата. Денеска е достапно ново видео во кое што е прикажана функцијата виртуелни десктоп околини, за која што се очекува да биде достапна. Виртуелните десктоп околини се достапни на Linux и OS X оперативните системи веќе одамна и се популарни кај корисниците, а посебно тие кои што работат со доста програми во исто време.

Извор: WinFuture, The Verge

Претходна статијаAndroid апликациите ќе работат на Chrome OS, првите четири достапни сега
Следна статијаGoogle Chrome за Mac ќе има само 64-битна верзија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.